Двете ќерки на највозрасната пациентка која беше заразена со Ковид-19, Славица и Мирјана, даруваа крвна плазма за други позитивни случаи на коронавирус. На ова хумано дело се заблагодари министерот Венко Филипче.
„Славица и Мирјана се двете ќерки на најстарата излечена пациентка од КОВИД-19, кои исто така беа позитивни и оздравеа од овој вирус. Тие минатата недела даруваа конвалесцентна плазма која ќе се користи како лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирусот. Од сè срце им се заблагодарувам за хуманоста.“, напиша Филипче.
