Цените на нафтата паднаа на меѓународните берзи кон 61 долар, бидејќи сигналите од водечките производители за зголемена понуда ги засенија знаците за смирување на трговскиот конфликт меѓу САД и Кина.
На лондонската берза, барел нафта се тргуваше по пладне за 85 центи пониско од вчерашната цена на затворање од 61,28 долари. Вчера затвори со тргување на плус 1,07 долари.
На американскиот пазар, денес со барел се тргуваше по пониска цена од 93 центи, на 58,31 долари. Вчера затвори тргувањето со плус 1,03 долари.
Пазарното расположение во четвртокот беше обележано со одложувањето на новата рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма.
Претставници на Вашингтон и Техеран требаше да одржат разговори во Рим во сабота, но состанокот беше поместен за друг датум „од логистички причини“, објави Оман, кој ја презеде улогата на посредник.
