Падна на допинг тест засилувањето кое Челзи го плати 70 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалерот на Челзи, Михајло Мудрик се најде во центарот на вниманието откако беше откриено дека во октомври го поминал допинг тестот кој покажал позитивен резултат.

Иако се уште не се откриени деталите поврзани со супстанцијата која е пронајдена во неговото тело, бројни светски медиуми јавуваат за неговата актуелна суспензија, која ќе трае до понатамошно известување.

Мудрик, според протечените информации, бил подложен на дополнителна анализа, позната како Б примерок, чии резултати наскоро ќе бидат објавени и која ќе одлучи за неговата понатамошна судбина во професионалниот фудбал.

Според досегашните информации, постои голема веројатност украинскиот репрезентативец да биде принуден на пауза која би можела да трае до крајот на актуелната сезона, што значително би се одразило на неговата кариера во Челзи. Иако лондонскиот клуб и самиот играч се уште официјално не се изјасниле за ситуацијата, бројни извори сугерираат дека случајот може да има далекусежни последици за неговата професионална иднина.

За потсетување, Мудрик е најплатениот украински фудбалер во историјата, а големо внимание предизвика неговиот трансфер од Шахтјор Доњецк во Челзи во јануари минатата година, вреден дури 70 милиони евра. Сепак, по пристигнувањето на Стемфорд Бриџ, неговите настапи не беа толку импресивни. Оваа сезона Мудрик одигра само седум натпревари за Челзи, а неговиот последен настап беше на 28 ноември.