Падна вредноста на најпопуларната криптовалута во светот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Основачот на Тесла, Елон Маск, истакна дека неговата компанија нема да прифаќа повеќе биткоини за своите возила, бидејќи нивното рударство влијае на околината.

По изненадното соопштение на милијардерот, вредноста на најпопуларната криптовалута во светот падна за 15 проценти, од 56.700 на околу 45.700 долари.

Биткоинот сега е на најниска вредност од март, но во текот на денот започна да се опоравува и сега достигна вредност од околу 50.000 УСД за еден биткоин, покажуваат податоците од Coin Desk.

Лансиран на почетокот на 2009 година, биткоинот е најсилната дигитална валута во светот.

Неговата цена започна значително да скока минатата година, надминувајќи го прагот од 10.000 долари за шест пати да се зголеми за неколку месеци.