Пакистан по нападот: Срамен и кукавички напад, ќе одговориме!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пакистанската војска објави дека индиските сили извршиле ракетни напади на три локации, што првпат беше објавено на државната телевизија вечерва.

Ројтерс објави дека имало жестоко гранатирање и експлозии во пограничните области на Кашмир, кој е под пакистанска администрација.

Портпарол на пакистанската војска изјави дека Исламабад „ќе одговори на овој напад во време и на место што самиот ќе го избере“, додавајќи дека сите пакистански борбени авиони моментално се во воздух.

„Ова е срамен и кукавички напад, извршен од индискиот воздушен простор“, рече портпаролот.