Палестинците бегаат кон југ – Израел тврди дека е убиен лидерот на Хамас

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите цивили во градот Газа каде живеат повеќе од 1 милион луѓе во рок од 24 часа да заминат во јужниот дел на појасот,и  дека нема да напаѓаат во перодот од 10 до 16 часот по локално време со цел да можат да се евакуираат. Сепак шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, за овој план вели дека е невозможно да се спроведе. и  порача дека Израел треба да обезбеди повеќе време за евакуација.

Израел најави дека блокадата на струја, вода, храна и други стоки нема да престане додека не се ослободат заложниците кои ги зеде Хамас, а повикот за евакуација наиде на критики. Хуманитарен пристап и обезбедување на вода и храна побара и шефот на ОН Антонио Гутереш.

Египет, Израел и САД денеска се договорија да им дозволат на странците кои живеат во Газа да минат преку граничниот премин Рафа и да влезат во Египет,

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан го повика Израел да ги прекине нападите врз Газа, предупредувајќи дека војната може да се прошири и на другите делови на Блискиот Исток доколку Хезболах се приклучи во битката.

Израелската армија го уби лидерот на исламистичкото движење Хамас, Али Кади, кој го предводеше крвавиот напад врз Израел, изјави воен портпарол.