Туширањето пред работа, во утринските часови, повеќе не е во „мода“ главниот град на Литванија, Вилнус. Многумина сметаат дека тоа се должи на пандемијата, па луѓето сега го смениле и времето за туширање.
Така ако пред пандемијата користењето на топла вода било најизразено меѓу 6 и 8 часот наутро, сега тоа е случај помеѓу 10 и 11 часот. Многумина Литванци сега работат од дома, а во земјата има „локдаун“ уште од ноември минатата година, па така многумина од граѓаните работат од дома.
Ова го увидела Контролниот ецнтар на компанијата за централно греење во Вилнус, кој ја следи потрошувачката на топла вода во 220 илјади домаќинства во градот.
„Најголема потрошувачка на вода во текот на работните денови секогаш беше помеѓу 6 о 8 часот наутро, но сега тоа е меѓу 10 и 11 часот. Тоа е очигледно поради пандемијата“, изјавил извршниот директор на компанијата.
