Пандев: Македонија може да оствари уште еден голем резултат против Германија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Сигурно дека имаме сили да направиме уште еден голем резултат против Германија. Треба само да одиграме тактички многу мудро, како на првиот натпревар, во Дуисбург, да изгинат сите на терен до последниот атом и кога ќе ни се пружи и најмала шанса треба да ја искористиме. Само така можеме до позитивен резултат“, изјави Пандев, заштитното лице на Видеолотарија Касинос Австрија.

На четири кола до крајот на квалификациите за Светското првенство во Катар, македонската фудбалска репрезентација сè уште може да се надева на пласман, барем, во баражот, но за да се оствари тоа потребни се добри резултати и пред сè, победи во преостанатите натпревари. Два од нив се играат во овој октомвриски „прозорец“, а централно место има гостувањето на Германија во Скопје на 11 октомври. Уште го паметиме големиот успех од Дуисбург, во март, кога го шокираме големиот фаворит со 2-1, па потајно се надеваме дека можно е чудо и на овој натпревар.

Сепак, сега сме без долгогодишниот капитен Горан Пандев и тоа се чувствува во играта на нашата репрезентација, но тој и надвор од теренот не престанува да ги бодри своите соиграчи Видеолотарија Казинос Австрија ја искористи привилегијата што го има за свое заштитно лице, па го праша дали Македонија е способна за нов резултат за паметење против големата Германија.

„Сигурно дека имаме сили да направиме уште еден голем резултат против Германија. Треба само да одиграме тактички многу мудро, како на првиот натпревар, во Дуисбург, да изгинат сите на терен до последниот атом и кога ќе ни се пружи и најмала шанса треба да ја искористиме. Само така можеме до позитивен резултат“, изјави Пандев.

Пред натпреварот со Германија в понеделник, македонските репрезентативци гостуваат кај Лихтенштајн, вечер од 20.45, па со три бода оттаму ќе ја подобрат својата состојба на табелата. Во моментов сме четврти со девет бода, но посакуваното второ место е блиску, во моментов го држи Ерменија со 11 бода. До крајот на циклусот треба да играме и со Исланд дома и со Ерменците на гости, па Пандев верува дека второто место и пласманот во бараж се достижна цел.

„Сигурно дека постојат уште шанси за второто место и за бараж за Светско првенство. Секако дека последните резултати беа разочарувачки и шансите доста ни се намалија, веројатно и неискуството на селекторот си го направи своето и од можните девет бода, кои беа реални да ги освоиме со овој тим што го имаме, ние одигравме само три нерешени и освоивме три. Меѓутоа мислам дека сè уште работите зависат од нас и со четири бода од овие два меча ќе имаме големи шанси за второто место“, истакна најдобриот македонски фудбалер.

Иако се раздели од репрезентативниот дрес, Пандев и на 38 години продолжи да игра за Џенова и да биде пример во една елитна лига како италијанската Серија А. Видеолотарија Казинос Австрија склучи соработка со него, како заштитно лице, а се одлучи да стане и партнер на ФФМ во период од три години.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно