Пандев од Џенова со трансфер во Парма

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако претходно најави дека ова ќе биде неговата последна сезона како фудбалер, Горан Пандев денеска направи трансфер во Парма, тимот од Серија „Б“ во Италија. Договорот е до крајот на актуелната сезона.

Пандев замина од Џенова, откако на тимот му се заканува испаѓање од елитната лига во Италија, а сега со Парма ќе се бори да влезе меѓу најдобрите. Таму ќе настапува заедно со легендарниот Џанлуиџи Буфон кој е лидер на тимот со 44 години.

За Пандев ова ќе биде нов предизвик во Италија. Во Италија играше за Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Џенова. Една сезона „паузираше“ од Италија, во 2014/2015 каде мина во Галатасарај, по што се врати одново на „чизмата“.

Пандев се прости од националниот тим на последниот натпревар на ЕВРО 2020, кое се одржа минатата година.