Паника на најголемиот аеродром во Европа, наредена итна евакуација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Службите за итни случаи го евакуирале терминалот 2 на лондонскиот аеродром Хитроу, а причината засега е непозната, пишува „Дејли мејл“.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како патниците го напуштаат терминалот, како и амбулантни возила паркирани надвор и полиција со кучиња трагачи.

Засега не е познато зошто е извршена евакуацијата, а не се знае ниту дали некои летови се одложени или откажани. Неофицијално, станува збор за сомнителен пакет на аеродромот кој полицијата го истражува.