Пановски: Пикот на коронавирусот помина пред 10 дена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорот Никола Пановски беше гостин во „10минути“ на ТВ21. Тој смета дека пикот на коронавирусот е поминат, односно дека бил пред 10 дена, со оглед дека во последните 10 дена процентот на заразени драстично паѓа. 

„До пред 10 дена соодносот на тестирани и заболени беа 10%. Од тогаш наваму паѓа, а во некои денови беше и под 5%. Затоа сметам дека пикот на вирусот поминал, и не знам зошто се инсистира толку да се има пик“, рече Пановски.