Папата Франциск нема да ги предводи велигденските служби во Ватикан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оваа година, велигденските служби во Ватикан ќе ги предводат неколку кардинали, а папата Франциск, кој се опоравува од болеста, нема да учествува на мисите, соопшти прес-службата на Светиот Престол.

Се наведува дека велигденската бдеење-миса во базиликата Свети Петар, на Велика сабота, 19 април 2025 година, ќе ја предводи кардинал Џовани Батиста Ре, според упатството од папата Франциск, пренесува „Ватикан њуз“.

На Велигден, 20 април, кардинал Анџело Комастри ќе ја предводи утринската велигденска миса на плоштадот Свети Петар.