Папата Лав XIV ќе ги посети Турција и Либан кон крајот на ноември, соопшти Ватикан. Ова ќе биде прва посета на новиот папа надвор од Италија откако беше избран на 8 мај, објави Ројтерс.
Папата ќе биде во Турција од 27 до 30 ноември, каде што се очекува да се сретне со патријархот Вартоломеј од Цариград, првиот меѓу еднаквите во Православната црква, која има 260 милиони верници.
Од 30 ноември до 2 декември, папата ќе биде во Либан, каде што ќе зборува за тешката состојба на христијаните на Блискиот Исток и ќе апелира за мир во регионот.
Ватиканските власти изјавија дека папата ќе им оддаде почит и на жртвите од хемиската експлозија во пристаништето во Бејрут во 2020 година, во која загинаа околу 200 луѓе и беше предизвикана штета од милијарди долари.