Париз ги зголеми туристичките такси пред Олимписките игри

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Париз, главниот град на Франција, одлучи од 1. јануари оваа година туристичките такси за престој да бидат повисоки.

Ова го одлучија воочи Олимписките игри кои оваа година се одржуваат во француската престолнина.

Патниците кои ќе патуваат во Париз оваа година ќе треба да се подготват да платат поголеми такси за хотелско и за алтернативно сместување.

Исто така и посетите во некои туристички атракции ќе поскапат. Така во музејот Лувр, посетата ќе чини 22 евра. Тоа е прво поскапување после осум години. Туристичките водичи низ главниот француски град исто така ќе имаат зголемени цени и тоа за околу 20%.