Париз ја ограничи брзината на возење низ градот на 30 км на час

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните на Париз ќе мора да се навикнат дека од вчера на поголемиот дел од улиците има ново ограничување на брзината од 30 километри на час, а со брзина од 50 километри на час ќе може да се вози по одреден број на улици.

Ова правило важи во речиси целиот дел на Париз, а одредбата не се однесува на периферијата и некои најважни улици во западниот дел.

Мерката ја поддржале голем дел од Парижаните, но силно се противат некои од жителите, особено во регионот „Ил де Франс“.

Треба да се потсети дека пред уведување на овие мерки, на 60% од париските улици беа ограничени со 30 км на час.

Причината за новите мерки е да се зголеми сигурноста, како и да се намали загадувањето и бучавата.