Во Киргистан денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои 16 политички партии се борат за 120 места во парламентот, а политичките аналитичари проценуваат дека реални шанси за победа имаат само кандидатите од неколку партии.
Граѓаните на Киргистан, исто така, можат да гласаат во 28 странски земји.
– Досега се отворени 20 од вкупно 45 избирачки места во 28 странски земји во кои живеат киргистански граѓани“, изјави утрово министерот за надворешни работи Чингиз Ајдарбекоб.
Во Киргистан вкупно има 3,5 милиони регистрирани гласачи, а пратеници од шест политички партии учествуваа во претходниот состав на Парламентот.
