Со механизација со која располага Општина Ресен исчистени се сите патишта кон Преспанските села, како и градските улици од снегот што вчера го зафати регионот. Дел од селата лоцирани во Горна и Долна Преспа се уште се без електрична енергија.
Општина Ресен информира дека по консултација со ЕВН им било ветено дека и овие населени места до крајот на денот ќе добијат напојување од електроенергетскиот систем.
– Централното градско подрачје има струја од вчера, додека дел од селата во Горна и Долна Преспа речиси 40 часа се без струја. Добивме известување дека до вечер етапно ќе бидат приклучени и овие населени места, потврди Општинската прес-служба.
