Голем инцидент се случи утрово во Англија, откако патнички воз излета од шините. Службите за итни случаи веднаш пристигнале на местото, а 85 патници биле безбедно евакуирани. Според првите информации, никој не е повреден.
Несреќата се случила околу 6:10 часот утрово кога воз кој сообраќал од Глазгов до Лонтон, излетал од шините помеѓу Пенрит Норт Лејкс и Оксенхолм во близина на селото Шап.
Британската транспортна полиција потврди дека локомотивата излетала од шините, но за среќа останала исправена. „Network Rail“, компанијата одговорна за железничката инфраструктура, објави фотографија на која се гледа возот одвоен од шините и потврди дека е во тек истрага.
„За среќа, не веруваме дека некој претрпел сериозни повреди“, се вели во нивното соопштение. Сите 85 патници и персонал во возот беа безбедно евакуирани, а некои беа однесени во блискиот хотел Шапс Вел.
