Патник скокнал од авион во движење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден патник скокнал од авион кој бил во движење на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, соопштија властите.

Инцидентот се случил на летот „Јунајтед Експрес 5365“ на компанијата „Скајвест“ во моментот кога авионот почнал со движење нешто после 19 часот по локално време. Човекот прво безуспешно се обидел да влезе во пилотската кабина, а потоа успеал да ја отвори вратата на товарниот дел и да скокне од лизгалката за евакуација, соопштија од аеродромот.

Мажот бил приведен на пистата, укажана му е помош, а бил пренсен и во болница. Авионот останал на пистата уште некое време, бидејќи бил под истрага на полицијата. Дополнително ќе биде утврдена причината за инцидентот.