Патот до Галичник е пробиен, но граѓаните се предупредуваат на внимателно возење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Патот до планинското село Галичник е пробиен, а во моментов се дорасчистуваат уште критичните делови Смрдливи Вирови и Фрчец.

Од таму апелираат до сите граѓани кои планираат да се упатат кон Галичник да возат внимателно и со зголемена претпазливост. На одредени делови сè уште има поголеми количини снег, а поради временските услови можно е да се појават повремени одрони.

Според моменталната временска прогноза, во текот на следната недела, особено во среда, се очекуваат нови врнежи од снег, што може повторно да влијае врз состојбата на патот.

Надлежните најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени во условите на патот.