„Се наоѓаме на патот Кичево – Дебар, овој пат е долг 19 километри и требаше да заврши во ноември 2023 година. Но, како што можете да видите се уште не е завршен а според информациите од терен дознаваме дека имало проблеми со одрон на земјата и патот кој е ископан се одронувал и се работи на поставување на потпорни ѕидови, затоа е продолжен и рокот на градежните работи. Но дали овој пат ќе се заврши на време, се уште не се знае“, вели репортерката на ТВ21.
ТВ21 побара став од компанијата Илинден која го добила тендерот за изградба на овој пат. Ни рекоа дека се соочиле со големи тешкотии во текот на работата.
„Се работи, но се појавија и неколку дополнителни работи како и на авотпатот и таму проблеми со одрон, професорите од градежниот факултет беа на терен дадоа инструкции како да се постапува и сега се работи според тие инструкции, има измени на проектот со поставување на потпорни ѕидови и потоа да се асфалтира до февруари следната година доколку нема други дополнителни проблеми верувам ќе се заврши“, велат од компанијата „Илинден“.
За одложување на рокот за вршење на работите и за тешкотиите при отворањето на патот информираа и од ЈП Државни Патишта.
„Изградбата на регионалниот пат R2246, делот Извор (вкрстувањето со А2) – мостот Гарски, се одвиваат на многу тежок планински терен. Поради неочекуваните тешкотии во текот на изградбата, се појави потребата за дополнителни работи при изградбата, за рехабилитација и заштита на патиштата. Поради подготовката на техничката документација за нови технички решенија, ќе има одложување на рокот за завршување на патот. До овој момент вкупно се завршени 67% од работите“, вели ЈП Државни патишта.
Со овој пат ќе се скрати патот Кичево-Дебар од 86 на 19 километри и ќе ги поврзува двата града. Поради оваа причина, контактиравме и со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој рече дека според последните информации со кои располага, се работи со слаб интензитет поради одгронот. Вредноста на овој проект е 23,7 милиони евра обезбедени од ЈП „Државни патишта“.
