Дали некогаш сте се запрашале што се случува од моментот кога растението кафе произведува плодови, па се до моментот кога истото го подготвуваме дома?
За почетокот, сите знаеме дека кафето всушност потекнува од растението Кафе, но дали истото би го препознале во природата?
Верувале или не, ова растение може да порасне до 9 метри во висина, а секое дрво е покриено со лисја кои растат во парови. Поради природниот циклус, не е невообичаено, во исто време да се видат бели цвеќиња, зелени свежо одгледувани плодови и црвени целосно зрели плодови.
Патувањето на кафето обично започнува во Колумбија, но истото се одгледува и во други земји во Јужна Америка, како и во Африка и Азија.
Откако ќе се соберат плодовите, тие поминуваат низ машинска обработка и сортирање. Во оваа фаза зрната се оставаат да се исушат околу три недели пред повторно да се мерат механички и конечно задолжените луѓе да го проценат нивниот квалитет.
Следниот чекор е транспорт од тоа место до местото на дистрибуција и патот до сите делови на светот каде се консумира кафето.
Сето ова бара многу човечка работа, така што воопшто не е целосно автоматизиран процес.
Историјата на кафето, исто како и историјата на многу други намирници, како што се шеќерот и тутунот, е полна со експлоатација и недоволно платени работници, се вели во видеото.
Тоа е глобална индустрија со многу завртки и запчаници, па следниот пат кога ќе пиете кафе, запомнете што сè требаше да се случи за да ја имате оваа привилегија и уживање.
Во продолжение видео од целиот процес:
