Патот во Крушино кој беше уништен пред неколку години кога почнаа градежните работи на автопатот Кичево – Охрид, за кој известуваше ТВ21 пред одредено време, продолжува да биде уништен.
Пред еден месец од компанијата „Гранит“ која го добила тендерот за изградба на овој пат, рекоа дека на крајот на август ќе почнат градежните активности штом добијат дозвола од надлежните институции.
Изгледа се уште има застој и документите за овој пат останале во канцелариите на институциите.
Градежните работи на патот , кој е доста фреквентен од кичевчани и е неопходен за жителите на Кнежино, е во застој веќе неколку години.
ТВ21 ја контактираше и компанијата Гранит, која треба да ги започне работите во овој дел и која пред еден месец вети дека ќе започне со работа на крајот на август. Повторно рекоа дека се подготвени да почнат со работа веднаш штом Јавното претпријатие Државни патишта даде зелено светло дека документацијата е подготвена и може да почнат со работа.
Од Јавното претпријатие за Државни патишта велат дека ја испратиле документацијата до општина Кичево за да добијат согласност, иако тој пат е во надлежност на гореспоменатото Претпријатие.
Од општина Кичево велат дека немаат добиено ниту еден документ во врска со овој пат.
Овој пат многу често го посетуваат кичевчани кои спортуваат трчање или велосипедизам, но и семејствата кои излегуваат на излет во Крушино. Но, состојба во која е овој пат го комплицира слободното движење на возилата и велосипедите. Малку подолу има дупка направена при изградбата на патот, а ова покажува на опасноста што го имаат возачите во случај на лизгање при влажно време. За ова отворена дупка околу патот нема никаков знак за предупредување за опасноста.