Патот во Шипковица во лоша состојба – Жителите: Ни ветуваат во секој изборен циклус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако поврзува три села Бродец, Бозовце и Вешала,  главниот пат на село Шипковица е во многу лоша состојба. Дупки, бетонски плочи и цимент, вака изгледа патот кој самите жители се обиделе да го санираат. Ова е главниот пат по кој, илјадници жители од четирите села секој ден треба да одат до градот за набавка со храна и други услуги.

Мештаните револтирани велат дека добиваат ветување за санирање на патот во секој изборен циклус, но што поминуваат изборите тие пак се оставени во заборав.

„Кога доаѓаат изборите, велат дека ќе го направат, но не. Автомобилите ни се уништуваат и самите гледате во каква состојба е патот“.

„Ни ветија дека ќе го направат, додека е Ахмети и Заев нема да го направат. Секој автомобил кој поминува му се уништуваат амортизерите. Ова не е нормално, уште четири години вака“.

„Нема пооштетен пат од овој, ни ги уништува автомобилите, јас секоја година по илјада евра треба да го поправам автомобилот“.

Неколку пати беше ветувано дека овој пат ќе се реконструира, но тој продолжува да биде еден од најоштетените патишта. Во текот на денешниот ден, Службата за информации при општина Тетово, не одговори на нашите прашања – Дали општината има проект за овој пат, и доколку да, дали се планира проектот да се реализира оваа година.