Пациентите со донирани органи упатија благодарност до донаторите и докторите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска по прес конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче, се обратија и пациенти со донирани органи.

Тие упатија голема благодарност до донаторите, но и персоналот кои ги воделе овие операции.

„Голема благодарност до професорот Сашко Јовев и надежта негова дека може да биде се подобро кога ќе се најде донор. Сакам да истакнам дека сум многу благодарен на донаторите Диневи кои ми овозможија убав и нов живот, исто така и на проф. Јовев кој ја заврши својата работа успешно и целиот негов персонал, тимот кој беше присутен на оваа операција. Се чувствувам многу добро“, истакна еден од пациентите.

Во продолжение слушнете ги и останатите пациенти: