Катните гаражи беа во “договорот“ на Висар Ганиу што го претстави пред 4 години. Ги доби гласовите со ветувањето дека овие гаражи ќе се изградат за време на мандатот, но не се изградија. Сега на крај на мандатот, кога не останаа ни два месеца до локалните избори, градоначалникот Ганиу се сретна со Беџет Пацоли, директор на компанијата Мабетекс за потпишување меморандум за соработка за изградба на катните гаражи.
Но дали е запознаен Пацоли дека овој проект еднаш пропадн, а не е прв пат ова ветување да го слушаат граѓаните.
Прашање: Овој проект за катна гаража граѓаните на Скопје го слушнаа и пред четири години. Со што уверувате вие дека овој пат проектот нема да пропадне?
Пацоли: Јас верувам дека луѓето не се исти, јас сум познат како човек кој ги исполнува своите ветувања секогаш. Убеден сум дека оваа средба и мојот потпис апсолутно ќе се реализираат во предвидениот рок.
Ганиу рече дека гаражите не се изградени до сега заради бирократски процедури.
„Јас спомнав неколку пати дека гаражите до сега беа заборавена работа, доколку навремено поминеа ДУП-овите, што не зависеше само од работата на Чаир туку и од Град Скопје како и Министерството за транспорт и врски и не случајно во тој правец јас не спиев, постојано се боревме за постигнување на таа цел“, рече Ганиу.
Според Ганиу, проблем со гаражи имале и други градови а не само општина Чаир. Инаку Пацоли рече дека оваа инвестиција ќе чини 50 милиони евра и дека работите ќе траат две и пол години.