Оваа продавачка раскажува за тешката состојба на Бит Пазар по појавувањето на коронавирусот. Се жали дека речиси воопшто и да нема муштерии и бара Владата да им помогне со плаќање на киријата за тезгите.
Дека нема клиенти, се пожали и друг трговец.
Еден купувач побара од Владата да им помогне на пазарџиите, а не само да ги блокира.
Помош од Владата побара и бизнис секторот. Бизнис комората бара и во Македонија да се спроведе италијанскиот модел, каде компаниите се ослободени од плаќање данок во текот на овој период. Техничкиот премиер, Оливер Спасовски рече дека во буџетот има средства, но дека сѐ уште се прават анализи за тоа како да му се излезе пресрет на бизнис секторот.
