Печалбарите го заживеаја Кичево, но од друга страна големиот број возила го отежнува сообраќајот. Затоа граѓаните се принудени да паркираат насекаде бидејќи тешко се наоѓа место за паркирање. Сметаат дека овој град со толку многу печалбари има потреба од јавен паркинг макар и подземен или над земја.
Во декември 2022 година, градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, на средба со иселениците рече дека оваа година ќе започнат со наплатување на паркинг, опишувајќи го тоа како неопходна работа за да се избегне паркирање насекаде. За оваа одлука ги праша иселениците и тие одговорија со ДА.
-Колку сте спремни да платите за паркирање од следната година? Мислиме дека сте сите за? Тогаш, следната година, Комуналното претпријатие од денеска ја презема задачата да започне со платен паркинг, рече Фатмир Дехари, градоначалник на општина Кичево.
Но, оттогаш не е преземено никакво дејство за платеното паркирање, иако таблите за платено паркирање се поставени речиси две години. Пред извесно време, кога ТВ21 направи анкета со иселениците од Кичево, тие се согласија паркингот да се плаќа, но на тоа не го поздравија мештаните кои рекоа дека нивните примања се мали, а цените се насекаде покачени.
