На праг сме на месец јули, месец на печалбарите. Во летната сезона Кичево заживува. Но оваа година поради пандемијата со корона вирусот тие ги откажаа летните одмори во родното место. ТВ21 контактираше неколку кичевци кои живеат и работат во државите на ЕУ за да види која е причината за нивното недоаѓање во татковината. Љутфи Селмани кој живее и работи во Шведска рече дека ги следат препораките на државата Шведска која препорачува до 31 август да не се напушта државата.
„Недоаѓањето во родното место, главната причина за тоа оваа година е пандемијата со Ковид-19, моето лично здравје и моето семејство како и здравјето на тие околу мене, се приоритет и не треба да се ризикува. Сакам и треба да ги спроведуваме правилата од Институцијата за државно здравје за Ковид-19. МНР и Шведска ни сугерираат и препорачуваат до 31 август 2020 да не ја напуштаме државата без потреба и да не патуваме надвор од државите на ЕУ“, истакна Љутви Селмани.
Нашите граѓани кои живеат во Германија велат дека ги спречува да дојдат во родното место е карантинот по враќањето од РСМ. Тие исто така велат дека условите во болниците не се како што треба и на границите бараат тестови.
„Прв пат е по 50 години да не можам да дојдам на одмор. Јас доаѓав секоја година по два пати дома меѓутоа оваа година короната не спречи и тешко ни е што не можеме да дојдеме. Нема авиони ни автобуси и на границите бараат тестови. Кај нас условите во болниците не се како што треба и опасно е за нас кои сме повозрасни и имаме хронични болести“, посочи Џемо Фејза.
Најголема надеж за доаѓање во родното место имаат граѓаните кои живеат во Швајцарија.
„Стравот да се дојде во родното место е поради корона вирусот и карантинот. Меѓутоа јас се надевам и верувам во печалбарите кои сакаат да дојдат и верувам дека ќе дојдат“, посочи Ѓила Адили.
Германија е една од државите која не им сугерира на државјаните од Балканот со германски документи да патуваат во државите од Балканот бидејќи во спротивно по враќањето ќе треба да одат во државен карантин во Германија. Овие денови германската влада ќе одржи средба и ќе донесе одлука дали ќе се укине или не карантинот за државјаните од Балканот.