Печалбата ги испразни домовите: Повеќето од старите лица во Кичево живеат сами

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Постарите лица во Кичево се чувствуваат осамено бидејќи голем дел од нив живеат без семејство, поради иселувањето на нивните деца.

Четворица стари лица кои ги сретнавме велат дека живеат сами поради тоа што нивните деца се на печалба.

-Животот овде е тежок, не е како во странство. Кога веќе нема да можеме, не знаеме ни како ќе живееме. Тие сакаат да јадат, треба да работат тука, не можат да дојдат. Јас самиот живеев таму 35 години, сега дојдов овде пред 4 години со сопругата, изјави граѓанин од Кичево.

Моментално живеам сам, сите се на печалба. Тешко е, годините минуваат, треба да станеш, да сработиш нешто. Внуката ми понекогаш доаѓа да ме посети. Порано беше подорбо, постабилно, сега сме во криза, поинаку е, младите си заминаа. Внукот отиде во Швајцарија, синот во Алјаска, еднаш годишно доаѓа, изјави друг граѓанин од Кичево.

Овој младич остана во наша близина додека зборувавме со постарите лица. Откако ги слушна нивните маки, рече дека никогаш нема да ги остави родителите сами.

Во Кичево има 56 илјади жители од кои 39 илјади се постојани жители, а 17 илјади нерезиденти.