Да правиш добро и да те најде лошо, вели една популарна поговорка, што во случајов важи и за пекарницата Илирида во Зајаз во Кичево, пред 6 месеци автомобил ноќта удрил во колата на пекарницата Илирида и ги оштетил вратата и влезот. Лицето побегнало и зад себе оставило голема штета, по што полицијата го открила сторителот. За да не одат по судови, сопственикот на пекарницата се договорил со лицето што ја направило штетата за се да му плати осигурувањето.
Но, иако добро направил што не одел по судови поради преголемите трошоци, смета дека е погрешно бидејќи осигурувањето на оштетениот не ја проценува штетата правилно и 6 месеци пекарницата Илирида се бори со овој проблем.
-На 17 декември минатата година, откако беше затворена пекарата, автомобил удри во нашето службено возило и ја оштети влезната врата од пекарата, а потоа избега од местото, но откако дојде полицијата се е разјаснето, одлучено е осигурувањето треба да ја плати штетата, но скоро 6 месеци сме во војна со осигурувањето затоа што ни даваат смешни понуди-вели Арменд Алиу, менаџер на пекарата.
Штетата што ја проценува осигурителната компанија е 1.300 евра, а Алиу вели дека ги немаат сметките што ги платиле и имале штета над 2.500 евра. А ова се понудите што ги дава осигурувањето за настанатата штета.
-Мислам вратата 21 илјада денари, покриени се плочките и ѕидот, плочките 600 денари т.е. смешна понуда е затоа што денес само лепакот за плочките е 900 денари, ама мајсторот и останато, дури и за блоковите што се искршени, дадоа понуда од 1200 денари. За колата ни нудат 51.000 денари околу 700 евра додека колата беше Опел Комбо од 2004 година, откако беше оштетена не беше поправена, добивме друга кола од 1996 година и плативме 1500 евра-вели Алиу.
ТВ21 стапи во контакт со предметната осигурителна компанија за да види каде е проблемот и како е евидентирана штетата, а оттаму ни рекоа дека не биле доставени фактури од оштетениот и дека штетата ја проценил овластен проценител.
-Во врска со вашето прашање од мејлот подолу, ве известуваме дека во доставената документација за настанатата штета не е приложена фактура, ниту доказ за уплата од ваша страна за наведените суми. За пријавените штети изготвени се инспекциски извештаи и проценките од страна на овластените проценувачи и штетите се направени во износи утврдени од овластени проценувачи. За сите дополнителни прашања во врска со начинот на пресметување на висината на штетата, оштетениот може во секое време да не контактира лично или преку својот адвокат-велат од Евроинс.
Но, управителот на пекарницата Илирида вели дека на осигурителната компанија и ги доставиле фактурите за поправките од штетата, што не е земено за основа, додека истото го испратил и до ТВ21, како што можете да видите во објавени снимки од поправките кои се направени по несреќата кои чинат 2.500 евра, а не 1.300 како што проценува осигурителната компанија.
