Денешните натпревари од Првата и од Втората македонска фудбалска лига и дефинитивно ги дадоа новите екипи кои ќе играат во Првата лига идната сезона од второлигашката конкуренција, а воедно и оние два тима кои ќе испаднат од ПМФЛ во понизок ранг.
Екипите на Беса и на Пелистер од идната сезона ќе играат во прволигашката конкуренција. Беса првпат ќе се најде во „елитата“, додека Пелистер се враќа на прволигашката сцена.
Во втората лига се селат Македонија ЃП и Брегалница по победата на Вардар во 31. коло од ПМФЛ, и со тоа стана недостижен на 10. позиција. Вардар најверојатно ќе игра бараж, и тоа со третопласираниот тим на табелата во Втората лига, Детонит Плачковица.
