Претседателот Стево Пендаровски, неодамна во Глазгов имаше средба со американскиот претседател Џо Бајден. Во ТВ21 ексклузивно откри што зборувал со Бајден на таа мини средба.
„Имав 2-3 минути со Бајден, и помислив на кој начин да го искористам да не мапира нас, затоа што тие се толкава сила, а ние сме една од најмалите држави. Јас му пристапив со една речница: Јас сум претседател на државата која единствена во Светот го смени своето име за да влезе во НАТО.
Вели дека го почитуваат тој факт. Ме праша како се одвиваат работите кај нас во регионот. Му споменав дека ЕУ и САД не се доволни присутни во регионот, и поради тоа, други екстра регионални сили го потполнуваат тој стратешки вакуум.
Му кажав дека постојат истражувања кои кажуваат нашите граѓани би поддржале автократски лидер. Многу од нашите сограѓани велат едно лице да се знае кој решава.
И на крај ми вели што предлагате. Му реков: ‘да пуштите луѓе на терен кои го знаат регионот и менталитетот на лидерите во регионов’. Ми рече само уште двајца колеги ми го посочија истото како најголем проблем“, вели Пендаровски.
