Пендаровски и Заев ја честитаа победата на Бајден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на државата Стево Пендаровски преку својот Фејсбук профил упати честитка за победата на изборите на новиот 46 американски претседател Џо Бајден.

„Честитки за Џо Бајден и Камила Харис за изборната победа. Очекувам македонско-американското стратешко партнерство да продолжи, а САД да ја реафирмира својата глобална улога во зачувувањето на заедничките вредности: мирот, безбедноста и демократијата“, пишува Пендаровски.

Со честитка се јави и претседателот на Владата, Зоран Заев кој истакна дека сигурен е дека ќе продолжат да ги развиваат одличните односи со САД:

„Честитки за новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис! Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи кои ги имаме со САД и да го продлабочуваме нашето сојузништво во НАТО, но и на сите полиња. Иднината пред нас е светла!, напиша премиерот Заев на својот Фејсбук профил“, пишува Заев.