Претседателот Стево Пендаровски, по Советот за безбедност, рече дека не се разговараше ниту се размислува за 24 часовен полициски час.
„Не, не разговаравме за воведување на 24-часовен полициски час. Советот за безбедност смета дека за такво нешто нема потреба, и дека се доволни овие мерки кои што се сега на сила. Институциите максимално си ја вршат својата работа“, рече Пендаровски.
