Пендаровски: Полицискиот час може да биде на сила и без вонредна состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за ТВ 24 посочи дека полицискиот час може да биде на сила и без да има вонредна состојба.

„И после 14 дена теоретски Владата може да го задржи полицискиот час за некој категории или за времен период од денот, може, а може и да имате вонредна состојба и воопшто да немате полициски час. Едното со другото не е поврзано, меѓутоа во овој временски период се преплетоа работите“, истакна Пендаровски.