Претседателот на Македонија Стево Пендаровски и неговиот бугарски колега, претседателот Румен Радев одржаа кратка средба на скопскиот аеродром од каде што заеднички ќе патуваат за Рим за чествување на светите Кирил и Методиј.
Во изјава за медиумите, шефот на државата истакна дека е потребна обнова на довербата со соседна Бугарија.
„Потребно е да направиме обнова на довербата со Бугарија и како пријатели да разговараме и за најтешките прашања кои во моментов не разделуваат. И јас се надевам дека во иднина ќе не зближуваат“, порача Пендаровски.
Двајцата претседатели со државниот авион на Република Бугарија ќе заминат во посета на Италијанската Република и Светата Столица.
По пристигнувањето во Рим, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.
