„Јас во овој момент сум реалист, може да кажам и умерен оптимист“, рече претседателот Стево Пендаровски во однос на решавање на спорот со Бугарија.
„Од она што можам да го констатирам од мојата средба со Радев денешната и една или две претходни, неспорно е дека претседателот Радев зборува со сосема поинаква реторика од претходниците во бугарската Влада, министерот за одбрана, министерот за надворешни работи и се обидува, тоа го видовте и утрово, да ја спушти топката и со еден културен речник да се обраќа кон нас. Значи тој се држи до бугарските барања, меѓутоа не не навредува како што за жал имавме минатата година особено во пресрет на ЕУ советот“, изјави Пендаровски од Рим.
Пендаровски додава дека ваквите изјави потврдуваат дека претседалот на Бугарија е сериозен човек кој е стабилен и човек кој не мисли да ќари само политички поенти со навредувањето на соседите.
