Претседателот Стево Пендаровски денеска по прогласувањето на вонредна состојба во земјава, упати и неколку апели со пораки до граѓаните.
„Бидете дисциплинирани, особено помагајте ни на постарите и оние со хронични проблеми. Не излегувајте од дома без посебна потреба. Почитувајте ги одлуките.
Во оваа прилика да им се заблагодарам на сите лекарски работници кои вложуваат надчовечки напори да им помогнат на граѓаните.
Имам порака на сите кои престојуваат надвор. Најпаметно е да останете таму каде што сте. Доколку решите да се вратите дома, добродојдени сте, но притоа мора да ги почитувате сите мерки пропишани од здравствените институции, а тоа значи да бидете во карантин.
Апелирам да бидеме смирени, одговорни и да бидеме солидарни еден кон друг. Ако си помагаме, ако се држиме заедно, сигурно ќе ја пребродиме оваа тешка ситуација како многупати досега“, рече Пендаровски.
