Пендаровски: Уставот декларира еднаквост на сите граѓани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Република Северна Македонија го честиташе јубилејот од донесувањето на Уставот на првата независна, меѓународно признаена македонска република.

-Нашиот Устав не е само формално правно највисок акт во државата. Тој документ е најдобриот доказ за вековната борба за сопствена демократска држава и на нашата заедничка визија за праведна економски развиена и солидарна политичка заедница со човековите права и слободи. Во историска смисла во нашиот Устав се преплетуваат и надополнуваат Илинден 1903-та година, народнослободителната војна и АСНОМ од 1944-та и референдумот за независност од 8 Септември 1991 година. Тој е симбол на илинденскиот идеал на борбата за слобода, еднаквост и братство на сите народи во Македонија. Тој го гарантира државно- правниот континуитет на современата македонска држава со одлуките на АСНОМ, рече Пендаровски.

Наместо етноцентричност и национализам, Уставот декларира еднаквост на сите граѓани без разлика на етничкото или верското определување и истовремно ја гарантира рамноправноста на сите заедници кои живеат во нашата држава, додаде Пендаровски.