Утре, 18 мај 2020 година, понеделник, со почеток во 12:00 часот, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи средба на која се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.
На средбата се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.
На средбата се поканети и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.
На лидерската средба ќе стане повторно збор за датумот за избори, кој не беше одреден на средбата одржана пред неколку дена поради тоа што се чекаше здравствените власти да кажат дали има услови.
Беше донесен и протокол за заштита од коронавирусот за време на изборна кампања и за време на гласањето.
