Пентагон објави дека го намалил бројот на воени бригади во Европа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за одбрана на САД синоќа објави дека го намалува бројот на американските воени бригади во Европа од четири на три, враќајќи го распоредувањето на нивоата од 2021 година, во време кога Вашингтон врши притисок врз континентот да инвестира повеќе во својата одбрана.

Пентагон објави дека „вкупниот број на борбени бригади распоредени во Европа е намален од четири на три“, при што бригадата се состои од 4.000 до 4.700 војници.

Во соопштението се додава дека ова носи „привремено одложување“ на распоредувањето на американските сили во Полска.

Претходно, американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека планираното распоредување на четири илјади војници во Полска е одложено, но не е откажано.

Пентагон нагласи дека конечното распоредување на силите ќе зависи од „стратешките и оперативните потреби на САД“ и од можностите на европските сојузници да се одбранат.