Пентагон објави разрешување на својот претставник во Воениот комитет на НАТО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пентагон објави разрешување на американската воена претставничка во НАТО, вицеадмиралот Шошана Чатфилд.

Како што истакна портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, тоа е поради губење на доверба.

Секретарот за одбрана Пит Хегсет „ја смени Шошана Чатфилд од нејзината позиција како претставник на САД во Воениот комитет на НАТО поради губење на довербата во нејзината способност да раководи“, изјави Парнел.

ДПА забележува дека Четфилд е критикувана од конзервативните лобисти во САД за нејзините коментари за различностите откако ја презеде функцијата во 2023 година. Министерот Хегсет, исто така, наводно ја критикувал.

Воениот комитет на НАТО е највисокото воено тело на организацијата, кое го поддржува процесот на одлучување на политичките лидери на земјите-членки.