Поголемиот дел од банките се решија да ги исплатат пензиите предвреме, а тоа предизвика и редици пред банките низ земјава.
ТВ21 таква слика начека во Тетово пред една банка каде што дваесетина пензионери чекаа ред, непочитувајќи ги притоа препораките да не бидат оддалечени еден од друг минимум еден метар.
Ова може да предизвика проблем со оглед дека во ек е пандемија на коронавирус, и сите препораки одат кон тоа да нема собирања и блиски контакти меѓу луѓето. Во дадениов случај тоа не важи.
