Пензионерскиот дом во Кичево – стара зграда со несоодветни услови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овој објект служи како дом за стари лица и пензионерски клуб во Кичево. Во моментов овде живеат 10 лица. Престојот во овој дом e привремен, додека пензионерите можат сами да се грижат за себе.

Плаќаат месечен надомест од 1.200 денари, како и трошоците за струја.

Условите не се добри бидејќи зградата е стара. Овде има 10 соби, само две бањи за мажи и една за жени.

Во овој дом има и кафуле за пензионерите. Сепак, од коронавирусот веќе не работи. Тоа негативно се одразило на здружението, бидејќи приходите од продажба на кафе и пијалаци биле наменети за одржување на домот.

Пензионерите учествуваат во различни активности, како што се прошетки, спортски активности и натпревари. Сепак, јасно е дека на овој пензионерски дом му треба целосно реновирање.