Перински: Градоначалниците посветено работат, а општините не се делат по партиска линија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во гостување на ТВ21 истакна дека е задоволен од работата на градоначалниците, особено на оние од ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека не може да најде ниту една замерка во спроведувањето на нивните програми.

„Крајот на постапките заврши во ноември, и реално, во зимски услови не можеме да очекуваме градежна офанзива. Но сега, со подобрување на времето, гледаме дека динамиката се раздвижува. Македонија нема време за непродуктивна политика – потребна ни е развојна агенда. Дури и ако некои активности се интензивираат пред избори, граѓаните знаат да препознаат кој навистина работи, а кој само се појавува пред избори“, рече Перински.

Во врска со распределбата на средства по општините, Перински потенцираше дека Владата не прави разлика по политичка припадност на градоначалниците.

„Проектите се разгледуваат врз основа на нивната содржина и усогласеност со јавните повици. Општина Струмица ќе добие средства, исто како и секоја друга општина со добра проектна документација. Јас лично сум достапен 24/7 – без разлика дали станува збор за градоначалници од владејачката или опозициската партија. Бев во Крива Паланка пред неполн месец, разговарав и со градоначалникот на Центар. Реалноста е дека општините досега немале толку средства на располагање за реализација на проекти како што имаат сега,“ изјави Перински.