Перуанскиот претседател Хозе Хaри прогласи вонредна состојба во Лима во траење од 30 дена, во обид да го запре бранот насилство што ја тресе земјата и придонесува за социјални немири, соопшти денес владата на земјата.
Во телевизиско обраќање, Хари објави дека вонредната состојба ќе вклучува евентуално распоредување на војската за поддршка на полицијата, како и ограничување на одредени уставни права, вклучително и слободата на собирање и движење, објави АП.
„Војните се добиваат со дела, а не со зборови“, рече Хaри, додавајќи дека владата преминува „од одбрана во офанзива“ во борбата против организираниот криминал.