Песков: Се надевам дека истрагата за експлозијата во Северен тек ќе биде завршена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека е задоволен од интензивирањето на истражните дејствија поврзани со експлозиите на гасоводите „Северен тек“.

„Секако, ми е мило што истрагата е во тек и сакам да верувам дека таа ќе биде доведена до крај, односно дека ќе бидат именувани не само сторителите, туку и оние што ги нарачале овие терористички акти“, рече Песков на прес-конференција, пренесува руски Интерфакс.

Портпаролот на Кремљ истакна дека „немало никакви контакти со руската страна за време на истрагата“, пренесува Интерфакс.