Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги коментираше тврдењата на Доналд Трамп дека може брзо да го реши конфликтот во Украина, нарекувајќи ги претерани, но додаде дека е подобро новата администрација да се залага за мир, наместо да ја продолжи војната.
„Се разбира, имаше малку претерување дека тој ќе може да го направи тоа преку ноќ. Нема ништо што може веднаш да го реши овој проблем“, рече Песков, и додава:
„Но, барем новата администрација ќе бара мир, а не продолжување на војната, што е чекор на подобро“, кажа тој.
Песков, исто така, истакна дека односите меѓу САД и Русија се сè уште лоши и ги нарече САД непријателска земја која директно и индиректно е вклучена во војната против руската држава.
