Пет лица избодени со нож на музички настан во Лондон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пет лица се уапсени по „насилно нарушување“ на музички настан во југоисточен Лондон, јавува Скај Њус.

Лондонската полиција соопшти дека биле повикани во Нејтан Веј, Темзмид, во саботата во 4.19 часот, каде полицајците пронашле околу 300 луѓе.

Пет лица на возраст меѓу 22 и 32 години биле пронајдени со убодни рани и пренесени во болница.

Сите тие подоцна биле уапсени под сомнение дека учествувале во насилни бунтови, соопшти лондонската полиција.

Состојбата на тројцата осомничени е оценета како неопасна по живот, додека на останатите двајца се уште се проценува.

„Полицајците реагираа брзо за да им пружат медицинска помош на петте повредени, заедно со лондонската брза помош, и обезбедија безбедност за околу 300 луѓе кои присуствуваа на овој музички настан. Петмината мажи кои беа повредени беа уапсени поради насилни нарушувања и ние продолжуваме да работиме на утврдување на поширок опсег на вмешаност“, рече детективот инспектор Стивен Ендрјус.